Херајон (Самос)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Херајон од Самос — големо светилиште на божицата Хера, на островот Самос, Грција, 6. км југозападно од античкиот град Самос (sovremen Питагорејон). Се наоѓало во нискиот, мочурлив слив на реката Имбрасос, во близина на местото каде што влегува во морето. Доцниот архајски храм во светилиштето бил првиот од гигантските самостојни јонски храмови, но неговите претходници на ова место стигнале до геометрискиот период од 8 век п.н.е., [1] или порано. [2] Како сведоштво за трговската и поморската моќ на Самос за време на Архајска Грција, и неговата исклучителна архитектура, местото на урнатините на храмот, со својот единствен стоечки столб, бил прогласен за светско наследство на УНЕСКО, заедно со блискиот археолошки локалитет Питагореја во 1992 година. [3]
Ηραίο Σάμου | |
Херајон во Самос, Грција. | |
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 408: Malformed coordinates value | |
Место | Самос, Грција |
---|---|
Координати | 37°40′19″N 26°53′08″E |
Вид | Светилиште |
Историја | |
Култури | Античка Грција |
Службен назив: Питагореја и Херајон во Самос | |
Тип: | Cultural |
Критериуми: | ii, iii |
Прогласено: | 1992 (16-та сесија) |
Број | 595 |
Регион: | Европа |