Хидроелектрана
централа која произведува електрична енергија користејќи ја силата на водата / From Wikipedia, the free encyclopedia
Хидроелектрана или хидроелектрична централа е електрична централа за производство на електрична енергија со вода. Течната вода пак со својата кинетичка енергија со помош на хидраулична турбина, која е поврзана со електрична машина - генератор на електрична енергија.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Овој вид на електрани се гради на местата каде постојат доволно течна вода во смисла на количината и висинската разлика. Силата на хидроелектраните е пропорционална количина на вода и висинската разлика. Затоа се бираат водотекови со голем проток на вода (рамничарски реки со мала висинска разлика не е поволна) или планинските реки со помал тек, но со голем пад од височина.
Еден kWh енергија произведен во хидроелектрана е значајно поевтин од онај во термоелектрани и има помало негативно влијание на животната околина. Од оваа причина хидроелектраните се попопуларни и пожелни како извор на енергија за една држава. Меѓутоа количината на произведена енергија зависи од количината на протокот на водата и варира во текот на годината. Ова се смета за најголем недостаток на овие електрани со фактот што акумулираните езера заземаат огромни простори на најверојатно плодно земјиште.
Околу 30% од електричната енергија во светот се произведува во хидроелектрани.[1]