Химна на Казахстан (1992-2006)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Државната химна на Република Казахстан (казашки: Қазақстан Республикасының Мемлекеттік Әнұраны, Казахстан Республикасинин Мемлекетик Урнурани) е насловот на поранешната државна химна на Казахстан користена од 1992 до почетокот на 2006 година. По осамостојувањето во декември 1991 година, била задржана мелодијата од химната на Казахстанската ССР - составена од Мукан Тулебајев, Јевгениј Брусиловски и Латиф Хамиди; а нови стихови биле усвоени во 1992 година по долго натпреварување. Текстот бил напишан заедно од четворица лица, меѓу кои и поетката Жадира Дарибајева, една од само неколку жени кои некогаш биле вклучени во пишувањето на државната химна.[1]
макед. Химна на Република Казахстан | |
---|---|
Казахстан Республикасинин Мемлекетик Анурани | |
Поранешна државна химна на Казахстан | |
Текст | Музафар Алимбајев, Кадир Мирзалијев, Туманбај Молдагалијев, и Жадира Дарибајева, 1992 (1992) |
Музика | Мукан Тулебајев, Јевгениј Брусиловски, и Латиф Хамиди, 1945 (1945) |
Усвоена | 1992 (1992) |
Звучен извадок | |
"Државна химна на Република Казахстан" (инструментална) | |
Следна | "Менин Казахстаним" |
На 7 јануари 2006 година, таа била заменета со химната „Менин Казахстаним“ („Мојот Казахстан“).