Централна разузнавачка агенција
From Wikipedia, the free encyclopedia
Централната разузнавачка агенција (анг. Central Intelligence Agency, скратено CIA) е народна разузнавачка служба на владата на Соединетите Американски Држави која дава отчет на Директорот на државната разузнавачка служба, и е одговорна за обезбедување на државна разузнавачка безбедност на надредените политичари на САД. ЦИА исто така е вмешана и во тајните активности нарачани од Претседателот на САД. Формирањето на ЦИА произлезе од Уредот за стратешки услуги (скратено ОСС) формирана за време на втората светска војна да ги координира шпионските активности кај непријателите за организациите на Американската војска. Со државниот акт за безбедност во 1947 година се формираше ЦИА која немаше полициски и правни овластувања во земјата и странство.Една година подоцна надлежностите беа зголемени и вклучуваа саботажа, анти-саботажа и мерки за евакуација, поддршка и помош на подземните групи за резистенција, герилските и групите на бегалци и поддршка на државните анти-комунистички елементи во загрозените земји во слободниот свет. Првенствена улога на ЦИА е да собира информации за странските влади, организации и поединци и да ги советува државните политичари. Службата спроведува тајни и вооружани активности со тоа што наметнува политичко влијание преку Оделот за специјални активности. Во 2004 година одговорноста на ЦИА значитено се промени.Пред декември 2004 година ЦИА беше главна разузнавачка организација на владата на САД, која беше одговорна за целосно управување на американското разузнавачкото општество.Со Реформата за разузнавање и Актот за спречување на тероризам од 2004 година се формира канцеларијата на директорот за државно разузнавање, кој го презеде управувањето и раководењето на американското разузнавачкото општество. Денес ЦИА сѐ уште има бројни заеднички активности со разузнавачките служби од други земји. Седиштето на ЦИА е во Лангли, Меклин во округот Ферфакс во Вирџинија, оддалечена само неколку милји од седиштето во Вашингтон по реката Потомак. Некогаш ЦИА е позната по сугерирањата во владата и војската под името на Други владини служби, особено кога некои активности во некоја ообласт се јавна тајна, исто така може да се сретне под името Дружината (анг. The Company) и Агенцијата (анг. The Agency).
Централна разузнавачка агенција Central Intelligence Agency | |
---|---|
Службен печат на ЦИА | |
Податоци за органот | |
Основан | 18 септември 1947; пред 76 години (1947-09-18) |
Претходник | Централна разузнавачка група |
Седиште | Лангли, САД 38.951796° СГШ; 77.146586° ЗГД / 38.951796; -77.146586 |
Вработени | 21.575 (проц.) |
Годишен буџет | 15 милијарди долари |
Раководители | Мајк Помпео (Директор) Мајкл Морел (Заменик-директор) непополнето |
Мрежно место | |
cia.gov |