Цирих
From Wikipedia, the free encyclopedia
Цирих (германски: Zürich) — најголемиот град во Швајцарија и е главен град на кантонот Цирих. Сместен е во централна Швајцарија на северозападниот крај од Циришкото Езеро. Додека општината брои околу 380.500 жители, областа на циришката метропола е урбанизирана област од меѓународно значење со близу 2 милиони жители. Цирих е раскрсница на железнички, патен и воздушен сообраќај. Циришкиот аеродром и железничката станица се најголемите и најпрометните во земјата.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Цирих | ||
---|---|---|
Држава | Швајцарија | |
Кантон | Цирих | |
Област | Цирих | |
Управа | ||
• Градоначалник | Stadtprasidentin (list) Корин Мауч (од 2009) | |
Површина[1] | ||
• Вкупна | 87,93 км2 (3,395 ми2) | |
Надм. вис. | &10000000000000392000000392 м | |
Население (Грешка: погрешен формат за време[2]) | ||
• Вкупно | 379,915 | |
• Густина | 43/км2 (110/ми2) | |
Поштенски код | 8000–8099 | |
БИЗ број | 0261 | |
Збратимени градови | Куенминг Сан Франциско | |
Мреж. место | stadt-zuerich.ch SFSO statistics |
Првите населувања датираат од пред 7,000 години, а историјата на Цирих започнува со основањето од страна на Римјаните, кои во 15 година п.н.е. го нарекле Турикум (Turicum). За време на средниот век Цирих се стекнал со независен и привилегиран статус на суверенитет и во 1519 г, бил место на создавање и центар на протестантската преродба предводена од Улрих Цвингли во германското говорно подрачје на Швајцарија.
Цирих е водечки глобален град и е еден од најголемите светски финансиски центри. Градот е дом на голем број финансиски институции и банкарски гиганти. Исто така, многу од истражувачките и развојни центри се сконцентрирани во Цирих, а ниските стапки на даноци ги привлекуваат странските компании да отвораат свои седишта таму. Според неколку анкети во период од 2006г. до 2008г, Цирих е прогласен за град со највисок квалитет на живот во светот, исто како и најздрав град во Европа.
Импозантен е бројот на музеи и уметнички галерии, меѓу кои посебно се издвојуваат Националниот музеј на Швајцарија и Кунстхаус. Во Цирих се наоѓа и најпознатиот театар во светот на германското говорно подрачје.