Чај
From Wikipedia, the free encyclopedia
Чај (од кинески: 茶, ча) — напиток кој се прави со киснење на преработени листови, пупки или ветки од чајната билка (лат. Camellia sinensis), во врела вода неколку минути. Билката може да се преработува со оксидација, загревање, сушење и додавање на други билки, цветови, зачини и овошки. Четирите главни вида на вистински чај се (од најмногу кон најмалку преработениот): црн чај, улонг, зелен чај и бел чај. Поимот „билен чај“ се однесува на инфузи од овошки или билки (како шипинка, камилица, или ѓогулан) кои не содржат Camellia sinensis.[2] Во оваа статија се зборува само за приготвувањето и употребата на чајот од C. sinensis.
Листови зелен чај во кинеска шолја „гајван“ | |
Тип | Топол или ладен напиток |
---|---|
Земја на потекло | Кина |
Се појавил | ~ X век п.н.е. |
Чајот е природен извор на аминокиселината теанин, метилксантини како кофеинот и теоброминот,[3] и полифенолски антиоксидансски катехини.[4] Речиси воопшто не содржи јаглехидрати, масти или белковини. Има разладен, малку нагорчлив и устособирачки вкус.[4]