Шварцвалд
From Wikipedia, the free encyclopedia
Шварцвалд (германски: Schwarzwald [ˈʃvaʁt͡svalt] ( слушнете)) е шумски планински венец во Баден-Виртемберг, југозападна Германија. Се граничи со долината на Рајна на запад и на југ. Највисокиот врв е Фелдберг со надморска височина од 1.493 метри. Регионот е речиси правоаголен со должина од 200 километри и ширина од 60 километри. Оттука има површина од околу 12.000 км2. Името Шварцвалд, т.е. Црна шума, доаѓа од Римјаните, кои густо пошумените планини таму ги нарекле Силва Нигра, т.е. Шварцвалд, поради густото растење на четинари во шумата, блокирајќи го на тој начин најголемиот дел од светлината внатре во шумата.
Кратки факти Земја, Регион ...
Шварцвалд | |
венец | |
Земја | Германија |
---|---|
Регион | Баден-Виртемберг |
Дел од | Јужни германски висорамнин |
Координати | 48°N 8°E |
Највисока точка | Фелдберг |
- височина | 1.493 м |
Должина | 150 км |
Геологија | гнајс, песочник Бунтер |
Орогенија | Централни висорамнини |
Топографија на Шварцвалд
|
Затвори