1 век
век / From Wikipedia, the free encyclopedia
1 век започнал на 1 јануари 1 год. и завршил на 31 декември 100 год. Честопати е напишан како 1 век од н.е. или I век од н.е. за да се разликува од I век п.н.е. кој му претходел. 1 век се смета за дел од класичната антика.
Во текот на овој период, Европа, Северна Африка и Блискиот Исток потпаднале под доминација на Римското Царство, која продолжила да се шири, и ја освоила Британија за време на царот Клавдиј (43 г.).[1] Реформите кои ги вовел Август за време на неговото долго владеење ја стабилизирале империјата по превирањата од граѓанските војни од претходниот век. Подоцна, во овој век дошло до крајот на Јулиевско-Клавдиската династијата, која била основана од Август, а завршила со самоубиството на Нерон во 68 год.[1] По владеењето на Јулиевско-Клавдиската династијата, следела познатата Година на четворицата императори, која била краток период на граѓанска војна и нестабилност, и била конечна окончана од Веспазијан, деветтиот римски цар и основач на Флавиевската династија.[1] Генерално, Римското Царство доживеало период на просперитет и доминација, па затоа првиот век бил запаметен како дел од златното доба на империјата.
Во првиот век се појавило христијанството.
Во Кина продолжила доминацијата на династијата Хан, и покрај четиринаесетгодишниот прекин од династијата Син под Ванг Манг. Владеењето на Хан било обновено во 23 година. Владеењето на Ванг Манг значело раздвојување помеѓу Западниот/Поранешниот Хан и Источниот/Подоцнежниот Хан. Главниот град исто така бил преместен од Чанган во Луојанг.[2]