Светско првенство во фудбал 2010
From Wikipedia, the free encyclopedia
Светското Првенство во Фудбал 2010 беше 19. издание на светското првенство на ФИФА во фудбал. Турнирот се одржа од 11 јуни до 11 јули во Јужна Африка, која го доби правото да биде домаќин на настанот во 2004. Светското првенство ќе биде кулминација на квалификациониот процес кој започна во август 2007, и броеше 204 репрезентации, од кои само 32 се квалификуваа.
Кратки факти Светско првенство на ФИФА 2010 г. — Јужна Африка South Africa 2010 ...
Светско првенство на ФИФА 2010 г. — Јужна Африка South Africa 2010 | |
---|---|
Официјално лого | |
Тимови | 32 (вкупно во квалификации: 204) |
Домаќин | Јужна Африка |
Победник | Шпанија (1. титула) |
Одиграни натпревари | 64 |
Дадени голови | 145 (2.27 по натпревар) |
Најдобар стрелец | Давид Виља Весли Снејдер Томас Милер Диего Форлан (5 гола) |
Затвори
Ова беше првото светско првенство во фудбал одржано во Африка, откако Јужноафриканската Република ги победи Мароко и Египет во африкански избор на домаќин. Светски првак стана репрезентацијата на Шпанија, која ја освои првата титула, а воедно и стана првата европска репрезентација, која ја освоила титулата на првенство одржано надвор од Европа.