Јајчник
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јајчник или овариум е женска полова жлезда во која созреваат женските полови клетки и која има ендокрина функција (лачи женски полови хормони). До пубертетот површината на јајчникот е мазна, а потоа по секоја менструација се појавуваат жлебови, кои настануваат како последица од пукањето на зрелите јајце-клетки.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Јајчник | |
---|---|
Внатрешни репродуктивни органи на жената. | |
Податоци | |
Назнаки | |
Латински | ovarium |
MeSH | A05.360.319.114.630 |
TA | A09.1.01.001 |
FMA | FMA:7209 |
Јајчникот е парен огран кој лежи во fossa ovarica. По својот изглед и големина асоцира на бадем, и затоа на него опишуваме 2 страни (латерална и медијална), 2 раба (преден и заден) и 2 пола (горен и долен). Јајчниците се парни женски полови жлезди во кои созреваат женските полови клетки (јајце-клетки) и кои лачат два женски полови хормони – естроген и прогестерон. Јајчниците се хомологни органи на тестисите кај мажите. Тие по својот изглед и големина наликуваат на бадем. Најчесто се долги 3–5 cm, а широки 1.5–3 cm. Кај младите жени до пубертетот, површината на јајчникот е беличеста и мазна, а потоа по секоја овулација се појавуваат жлебови, кои настануваат како последица од пукањето на зрелите јајце-клетки. Со годините површината на јајчникот станува избраздена поради лузните кои остануваат по овулациите. Јајчниците варираат во својата големина во текот на животот. Левиот и десниот јајчник кај жената може да бидат со различна големина, а големината на јајчниците е различна и помеѓу жените. Големината на јајчникот видливо се намалува во менопаузата. Јајчниците се сместени помеѓу надворешните и внатрешните илијакални крвни садови, во вдлабнатината на бочните sидови на карлицата (fossa ovarica), од двете страни на матката. Јајчниците се формираат во 7-та недела од интраутериниот развој.