Јован VIII Палеолог
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јован VIII Палеолог (грчки: Ίωάννης Η 'Παλαιολόγος, 18 декември 1392 - 31 октомври 1448 , Цариград), бил византискиот цар кој владеел од 1425 до 1448 година.
Јован VIII Палеолог Ίωάννης Η' Παλαιολόγος | |
---|---|
Византиски цар | |
Јован VIII Палеолог, во капелата Трите Свети крала во Палацо Медичи Рикарди во Фиренца, дело на Беноцо Гоцоли. | |
На престол | 1425 – 1448 |
Претходник | Мануил II Палеолог |
Наследник | Константин XI Палеолог |
Сопружник | Ана Василиевна Софија Монфератска Марија Велика Комнина |
Татко | Мануил II Палеолог |
Мајка | Елена Драгаш |
Јован VIII Палеолог бил најстар син на Мануил II Палеолог и на Елена Драгаш, ќерка на српскиот кнез Константин Драгаш. Јован VIII бил коцар заедно со неговиот татко уште од 1416 и станал единствен цар во 1425.
Во јуни 1422 година, Јован VIII Палеолог ја надгледувана одбраната на Цариград за време на опсада од страна на Мурат II. Но, мораше да го прифати губитокот на Солун кој неговиот брат Андроник ѝ го дал на Венеција во 1423 година.
За да обезбеди заштита од Турците, тој го посетил Папата Евгениј IV и се согласил да унија на православната и католичјата црква. Унијата била ратификувана во Собирот во Фиренца во 1439 година каде Јован VIII присуствуваа со уште 700 следбеници, вклучувајќи го патријархот Јосиф II од Цариград. Унијата не успеа поради противењето во Цариград од каде стигнале вести дека Подобро туртскиот турбан него папската мистра.[се бара извор]
Јован VIII Палеолог го именувал својот брат Константин XI Палеолог, кој служел како регент во Цариград во 1437-1439, како негов наследник. И покрај спротивставувањето на неговиот помлад брат Димитриј Палеолог неговата мајка Елена успеала да ја осигура позицијата на цар за Константин XI Палеолог во 1448.