Јужна Азија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јужна Азија е јужниот регион на континентот Азија кој е составен од супхималајските држави, но во него се вклучени и некои други држави. Топографски гледано, овој регион е воглавно составен од Индискиот Полуостров и од јужните делови на Хималаите.
Јужна Азија е опколена од Средна Азија на север, Југозападна Азија на запад, Источна Азија на североисток, Југоисточна Азија на југоисток и со Индискиот Океан на југ. Најголема држава во овој регион е Индија, но исто така дел од овој регион се Бутан, Непал, Бангладеш, Шри Ланка, Малдиви и Пакистан. Додатно на овие се додадени, понекогаш, Авганистан, Мјанмар, Тибет..