Љубљана
From Wikipedia, the free encyclopedia
Љубљана (словенечки: Ljubljana, германски: Laibach) — главен град на Словенија, сместен на местото каде реката Љубљаница се влева во Сава, во Средна Словенија, меѓу Алпите и Средоземното Море. Претставува град со средна големина (според пописот од 2003 година има 265.881 жител) и седиште на Градската општина Љубљана. Љубљана е географски, културен, научен, економски, политички и административен центар на Словенија. Во Љубљана може да се доживеат влијанија на голем број култури. Таа била раскрсница на германската, италијанската и на културата на словенските народи, нивниот јазик, манири и навики.
Љубљана Ljubljana | |||
---|---|---|---|
Панорама на Љубљана на зајдисонце | |||
Координати: 46°03′20″N 14°30′30″E | |||
Површина | |||
• Вкупна | 163,8 км2 (632 ми2) | ||
Надм. вис. | &10000000000000298000000298 м | ||
Население (2014) | |||
• Вкупно | 277,554 | ||
• Густина | 1.695/км2 (4,390/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
Повик. бр. | 01 | ||
Мреж. место | ljubljana.si |
Сообраќајните врски, сконцентрираната на индустрија, научно-истражувачките институции и индустриската традиција се фактори кои придонесуваат за нејзината водечка економска позиција во регионот. Љубљана е седиште на централната власт во Словенија, на јавната администрација и сите владини министерства. Градот, исто така, претставува седиште на законодавната власт на Словенија. Во Љубљана се наоѓа и резиденцијата на претседателот на Словенија.