Абусир
From Wikipedia, the free encyclopedia
Абусир (арап. ابو صير; Египетски pr wsjr; коптски: ⲃⲟⲩⲥⲓⲣⲓ busiri, „Куќата или Храмот на Озирис“; старогрчки: Βούσιρις) е името дадено на египетски археолошки локалитет - поточно, обемна некропола од периодот на Старото Кралство, заедно со подоцнежните додатоци - во околината на денешната престолнина Каиро. Името го носи и соседното село во долината на Нил, по кое е наречено ова место. Абусир се наоѓа на неколку километри северно од Сакара, и бил една од главните елитни гробишта за античкиот египетски град Мемфис. Неколку други села во северен и јужен Египет се именувани како Абусир или Бусири. Абусир е еден релативно мал сегмент од широкото „пирамидно поле“ што се протега од север од Гиза до под Сакара. Во локалитетот Абусир се изведувале погребни обреди за време на Петтата династија на Старото Кралство. Како елитни гробишта, тогашната соседна Гиза „се наполнила“ со масивни пирамиди и други споменици од 4-та династија, водејќи ги фараоните од 5-та династија да бараат други места за нивните погребни споменици.
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 408: Malformed coordinates value | |
Место | Египет |
---|---|
Координати | 29.9° СГШ; 31.2° ИГД / 29.9; 31.2 |
Во Абусир се најдени најголемиот број папируси од Старото Кралство до денес — папирусите од Абусир. Кон крајот на XIX век, голем број западни музеи се здобиле со збирки на фрагментарни папируси од административните (храмски) записи за еден погребен култ од Абусир, оној на кралот Нефериркаре Какаи. Ова откритие беше дополнето кон крајот на дваесеттиот век кога со ископувањата на чешката експедиција на ова место беа откриени папируси од два други култни комплекси, оној на фараонот Неферефре (се чита и Ранефереф) и на мајката на кралот Кенткаус II.
Чешкиот институт за египтологија при Факултетот за уметности од Универзитетот Чарлс во Прага, спроведува ископувања во Абусир од 1976 година до денес. Во моментов ископувањата ги води Мирослав Барта.
Постојат катакомби во близина на античкиот град Бусирис (Плиниј xxxvi. 12. s. 16). Јужно од Бусирис, се чини дека едни големи гробишта се протегале над рамнината.