Акцентски целости во македонскиот јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Акцентски целости - кога два или повеќе збора се изговараат под заеднички акцент претставуваат акцентски целости. Пример:
- Кисела Вода — се изговара: Кисела́вода
- кисело млеко — се изговара: кисело́млеко
- не дојде — се изговара: не́дојде
- не му рече — се изговара: немýрече
- Што го праша? — се изговара: Штого́праша
Правило е во акцентската целост еден збор да е носител на акцентот, а тој паѓа на третиот слог од крајот на зборот. Пример:
- бел бибер — бе́л|би|бер
- вујко ми — вýј|ко|ми
- не му вели — не|мý|ве|ли