казахстанска велосипедска екипа / From Wikipedia, the free encyclopedia
Астана Казахстан Тим (кратенка според UCI: AST) — професионална друмска велосипедска екипа спонзорирана од Самрук-Казина, група на државни претпријатија од Казахстан и именувана по нејзиниот главен град Астана, денес наречен Нур-Султан. Астана станала UCI World Tour екипа при самото основање на екипата во 2007 година. По големиот допинг скандал во кој бил вклучен казахстанскиот возач Александар Винокуров било променето раководството на екипата за сезоната 2008. Тогаш екипата била предводена од Јохан Брујнел, поранешен менаџер на екипата УС Постал/Дискавери Ченл. Иако Астана под водството на Брујнел била многу успешна, во составот биле вклучени победникот на Гранд Тур Алберто Контадор, како и Андрејас Кледен, екипата се соочила со финансиски колапс во мај 2009 година. Битката за контрола на екипата поврзана со враќањето на Винокуров за Вуелта а Еспања 2009 предизвикала Брујнел и најмалку четиринаесет возачи да заминат кон крајот на сезоната 2009, најмногу кон Тим РадиоШек. Само четири шпански возачи, вклучувајќи го Контадор и најголем дел Казахстанци останале во екипата за 2010 година. Сите четворица Шпанци ја напуштиле екипата во 2011 година и се приклучиле на Саксо Банк-СанГард.
Оваа статија е за велосипедската екипа. За главниот град на Казахстан порано наречен Астана, видете Нур-Султан. За други значења видете Астана (појаснување).