Ајман Ал Завахири
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ајман Мухамед Раби Ал Завахири[4] (арапски: أيمن محمد ربيع الظواهري ʾAyman Muḥammad Rabīʿ aẓ-Ẓawāhirī; роден на 19 јуни 1951 во Каиро[5]) — египетски лекар, исламски теолог и моментален водач на Ал-Каеда[6]. Претходно бил вториот и последен „емир“ на организацијата Египетски исламски џихад, откако го наследил Абуд ал Зумар кога нему му била изречена казна доживотен затвор од страна на египетските власти. Неговата жена и три од неговите шест деца биле убиени во воздушен напад на Авганистан од страна на силите на САД кон крајот на 2001 година, по нападите врз САД на 11 септември 2001 година. Од 2 мај 2011 година, по смртта на Осама Бин Ладен, тој станал водач на Ал-Каеда. Ова било потврдено на соопштението до јавноста од генералната команда на Ал-Каеда на 16 јуни. По нападите врз САД, американскиот Стејт департмент понудил награда од 25 милиони американски долари за информација која би довела до апсење на Ал Завахири[7]. Тој е под светски санкции од Комитетот за санкции на Ал-Каеда како член на Ал-Каеда[8].
Ајман Ал Завахири أيمن محمد ربيع الظواهري | |
---|---|
Ајман Ал Завахири во ноември 2001 | |
2-ри генерални емир на Ал-Каеда | |
На должноста 16 јуни 2011[1] – 31 јули 2022 | |
Претходник | Осама Бин Ладен |
Наследник | Саиф ал-Адел (осомничен) |
Заменик емир на Ал-Каеда | |
На должноста 1998–2011 | |
Претходник | основање на функцијата |
Наследник | Абу Каир ал Масри |
Соосновач на Ал-Каеда | |
На должноста 1988–1989 Служи со Абдула Азам и Осама Бин Ладен | |
Претходник | основање на функцијата |
Наследник | прекинување на функцијата |
Соосновач на Мактаб ал Кадамат | |
На должноста 1984–1988 | |
Претходник | основање на функцијата |
Наследник | прекинување на функцијата |
Емир на Египетски Исламски Џихад | |
На должноста 1991–1998 | |
Претходник | Мухамед абд ал Салам Фараџ |
Наследник | Споено со Ал-Каеда |
Лични податоци | |
Роден(а) | 19 јуни 1951(1951-06-19) Каиро, Кралство Египет |
Починал(а) | 31 јули 2022(2022-07-31) (возр. 71) Кабул, Авганистан |
Националност | Египет |
Сопружник | Аза Ахмед (в. 1978–2001) Умаима Хасан |
Деца | 7 (Фатима, Умајма, Набила, Кадига, Моханед, Ајша, Навар) |
Занимање | Хирург |
Вероисповед | ислам[2] |
Воена служба | |
Припадност | Египетски Исламски Џихад (1980–1998)[3] Ал-Каеда (1988–2022) |
Траење | 1980–2022 |
Чин | Генерален Емир на Ал-Каеда |
Битки/војни | Авганистанска војна Војна во Северозападен Пакистан |
Ал Завахири наводно е квалификуван хирург. Кога неговата организација се споила со Ал-Каеда, тој станал личен советник и лекар на Бин Ладен. Првпат го сретнал Бин Ладен во Џеда во 1986 година. Ал Завахири покажал радикално сфаќање на исламската теологија и исламската историја. Тој зборува арапски, англиски[9][10] и француски јазик.
Во 1998 година, Ал Завахири формално ја споил својата организација Египетски исламски џихад со Ал-Каеда. Според извештаи од страна на поранешен член на Ал-Каеда, работел во Ал-Каеда уште од основањето и бил висок член на нејзиниот Шура совет. Често бил опишуван како „заменик“ на Осама Бин Ладен, иако биографот на Бин Ладен го нарекувал „мозокот“ на Ал-Каеда. На 16 јуни 2011 година, Ал-Каеда изјавила дека Ал Завахири бил избран за наследник на Бин Ладен, откако водачот бил убиен во операција на САД на 2 мај 2011 година.