База „Капетан Артуро Прат“
From Wikipedia, the free encyclopedia
База „Капетан Артуро Прат“ — чилеанска истражувачка станица на Антарктикот која се наоѓа во заливот Икике, островот Гринич на Јужните Шетландски Острови, Антарктик.
Пратова Станица | ||
---|---|---|
Антарктичка база | ||
База „Капетан Артуро Прат“ | ||
Земја | Чиле | |
Местоположба | Икике (залив) Гринич Јужни Шетландски Острови | |
Администрација | Чилеанска Морнарица | |
Основање | 6 февруари 1947 (1947-02-06) | |
Наречено по | Артуро Прат | |
Население | ||
• Вкупно |
| |
Type | Цела година | |
Period | Годишен | |
Status | Оперативен | |
Мреж. место | Base Arturo Prat INACH |
Базата била отворена на 6 февруари 1947 година од Првата чилеанска антарктичка експедиција. Таа е најстарата чилеанска антарктичка станица. До 1 март 2006 година, таа била база на Чилеанската морнарица, на кој датум била предадена на регионалната влада на Магаљанес и регионот Чилеански Антарктик. До февруари 2004 година била постојана база. Потоа, служела како летна база за јоносферски и метеоролошки истражувања. Имало планови за повторно отворање на станицата за постојана окупација почнувајќи од март 2008 година. Базата е именувана по капетанот Артуро Прат, чилеански поморски офицер.