Св. Илија (Делогожди)
археолошко наоѓалиште во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Св. Илија — археолошко наоѓалиште во близина на струшкото село Делогожди. Претставува населба од архајско, хеленистичко, римско време и среден век[1]. Се наоѓа на околу 1 км од центарот на селото, на патот Делогожди-Џепин. На падините под делогожданското градиште е откриена некропола во 1930-тите, кога биле извршени нестручни ископувања. Систематски ископувања со прекин се водат од 1979 до 1990 година од страна на Народниот музеј во Струга, под раководство на В. Битракова Грозданова. Откриени се 102 гроба, од кои најстарите биле поставени под тумул, а подоцнежните во него или околу него. Наодите се чуваат во Народниот музеј во Струга.[2]
Повеќе информации Основни податоци ...
„Св. Илија“ | |
Мозаик | |
Местоположба | 41°15′26″N 20°43′25″E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Делогожди |
Општина | Струга |
Тип |
|
Период | архајско време |
хеленистичко време | |
римско време | |
среден век | |
Портал „Археологија“ |
Затвори