Банат
From Wikipedia, the free encyclopedia
Банат е географски регион, административно поделен помеѓу Србија, Романија и Унгарија. Историска престолнина на Банат е Темишвар, кој денес се наоѓа во Романија. Српскиот дел на Банат воглавно е сместен во Автономната Покраина Војводина, додека југозападниот дел на Банат (познат како Панчевачки рит) административно припаѓа на белградската општина Палилула. На територија на Војводина, Банат е административно поделен на три округа: севернобанатски, среднобанатски и јужнобанатски. Најголем град на српскиот Банат е Зрењанин (76.511 жители по пописот од 2011 година).