Бешичко Езеро
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бешичкото Езеро (во постари извори наречено „Бешикско Езеро“; грчки: Λίμνη Βόλβη, Лимни Волви) — езеро во Егејска Македонија (денес во Грција), дел од групата на егејските езера. Се наоѓа на 40 км североисточно од Солун. Водниот слив опфаќа површина од приближно 1.247 км2.Нивото на водата се менува во зависност од сезоната и врнежите. Водата се користи главно за наводнување и риболов. Езерото е сврзано преку реката Дервент со Лагадинското Езеро соседно на запад, со кое образуваат заеднички екосистем.
Кратки факти Бешичко Езеро Λίμνη Βόλβη, Место ...
Бешичко Езеро Λίμνη Βόλβη | |
---|---|
Место | Солунски округ, Егејска Македонија |
Координати | 40°40′54″N 23°28′02″E |
Површина на сливот | 1.247 км2 |
Земји во сливот | Егејска Македонија (Грција) |
Најг. должина | 21,50 км |
Најг. ширина | 6 км |
Површина | 70 км2 |
Најг. длабочина | 22,3 |
Водна зафатнина | 0,94 км2 |
Надм. височина на површината | 37 м |
Затвори
Езерото е наречено по околните населени места: Голем Бешик (Мегали Волви) и Мал Бешик (Микра Волви). По нив е наречена и околната Бешичка Планина.
Општината околу езерото се нарекува Бешик (Βόλβη).