Битолски револуционерен округ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Битолскиот револуционерен округ бил дел од структурата на Македонската револуционерна организација. Округот го опфаќал Битолскиот вилает во Отоманското Царство. Тој бил најдобро организиран, опремен и вооружен, масовно востанал во екот на Илинденското востание, поради што и најмногу сериозно настрадува. По востанието округот е заплиснат од четите на Елиномакедонски комитет и Српското четничко движење, борбите траеле до Младотурската револуција. Округот Егзистирал од 1894 до 1908 година.
Во текот на Првата балканска војна, револуционерите од битолскиот округ ги помагале српските и грчките војски против Отоманското Царство. Во текот на Втората балканска војна и Првата светска војна дел од поранешните револуционери на округот ја помагаат бугарската војска. Во 1919 година Тодор Александров ја формирал ВМРО (Автономистичка) и во духот на старата организациска поделба го возобновил Битолскиот револуционерен округ иако неговата територијата била поделена помеѓу Кралството Југославија и Кралството Грција.