Василиј I Московски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Василиј I (руски:Василий I Дмитриевич) (30 декември 1371 - 27 февруари 1425) бил Голем кнез на Москва од 1389.
Василиј I | |
---|---|
Голем кнез на Москва | |
На престол | 19 мај 1389 – 27 февруари 1425 |
Претходник | Дмитриј I |
Наследник | Василиј II |
Роден(а) | 30 декември 1371(1371-12-30) Москва, Големо московско кнежевство |
Починал(а) | 27 февруари 1425(1425-02-27) (возр. 53) Москва, Големо московско кнежевство |
Consort | Софија Витовтовна |
Деца | Ана Московска Јуриј Василевич Иван Василевич Анастасија Данаил Василевич Васила Симеон Василевич Марија Василиј Василевич |
династија | Династија Рурик |
Татко | Димитриј Донски |
Мајка | Евдоксија Димитриевна |
Вероисповед | православие |
Тој бил најстариот син на Дмитриј Донски и Големата принцеза Евдокија којашто била ќерка на Дмитриј Константинович од Нижни Новгород. По смртта на неговиот татко, тој станал голем кнез на Москва и Владимир без да почека потврда од страна на Златната орда, на која бил вазал. По Опсадата на Москва во 1382 година, тој останал заробеник во монголскиот дворец, до успешното му бегство во 1386 година. Ова бегање на крајот му било простено главно поради нападот на Тимур врз Златната орда.
Василиј I продожил со поврзувањето на руските земји. За да ја намали опасноста од можните напади на Златната орда, во 1392, Василиј склучил сојузништво со Големото кнежевство Литванија и се оженил со Софија Витовтовна, единствената ќерка на кнезот Витаутас Велики. Веднаш по ова, тој во 1392 година ги освоил градовите Нижни Новгород и Муром, а од 1397 до 1398, истото го сторил и со градовите Калуга, Вологда, Велики Устјуг со територијата на која живеел народот Коми. Крајот на независноста на Новгородската Република бил проследен со еден значаен настан. Кога новгородскиот кнез сакал да се спротивстави на московската армија која се приближувазла кон градот, неговите бојари му сопштиле дека е најдобро да тој ја признае власта на Василиј, и му дале на знаење дека нема да го поддржат при определен напад. Присоединувањето на Нижни Новгород и дало можност на Москва да се зацврсти во областа на средна Волга.
По четригодишен успех, Василиј I решил да прекине со војувањата и да се препушти на собирање финансии за идни походи. Во 1395 година одлучил повеќе да не плаќа данок на Златната орда. Истата година, Тимур ги нападнал словенските територии. Тој особено напаѓал во регионите по течението на реката Волга, но не подготвувал напад на Москва. Тимуровиот напад и послужил на Русија да ја загрози Златната орда, која во наредните 12 години била во состојба на анархија.