Вид (биологија)
една од основните единици на биолошка класификација и таксономски ранг / From Wikipedia, the free encyclopedia
Биолошкиот вид (лат. species) е систематска единица, група од единки со заеднички морфофизиолошки, биохемиски и одлики во однесувањето, кои се способни за заемно вкрстување, со што даваат плодно потомство, закономерно распространето во пределите на еден определен ареал и подложно на влијанието од факторите на животната средина. Видот е реално постоечка генетички неделива единица на живиот свет, основна структурна единица во системите од организми и квалитативна етапа во еволуцијата на животот.