Википедија се развива и проширува преку напорната работа на стандардните корисници, но исто така и преку поголем број на анонимни уредувања на новодојденци. Запомни, сите ние сме биле новодојденци на Википедија.
|
Оваа страница е напатствие на македонската Википедија. Општоприфатен стандард е уредувачите да ги следат правилата, но сепак треба да се користи здрав разум и да се прават повремени исклучоци. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор. |
|
|
Најважното од страницава: Не однесувајте се непријателски кон останатите уредувачи, особено кон новите уредувачи. Запомнете да претпоставувате добронамероност и да одговорите на проблематичните уредување на јасен и учтив начин. |
Новите корисници се просперитетни продонесувачи и корисници, а со тоа и најзначаен извор на Википедија. Мораме да се однесуваме со новодојденците пристојно и со трпение и да не ги напаѓаме новодојденците. Не е можно новодојденец да биде целосно запознаен со правилата на Википедија, нејзините начела, принципи и стандарди.