Влада на Македонија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Влада на Македонија (службено: Влада на Република Северна Македонија) — носител на извршната власт во Македонија и е составена од претседател на владата и министри. Владата ја избира Собранието на Македонија со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
Влада на Македонија | |
---|---|
Влада на Република Северна Македонија | |
Лого на Владата на Македонија Палатата на управата | |
Преглед | |
Воспоставена | 20 март 1991; пред 33 години (1991-03-20) |
Држава | Македонија |
Водач | Премиер |
Именува | Собрание |
Сегашен кабинет | Ковачевски |
Министерства | 20 |
Одговара пред | Собрание |
Годишен буџет | 5,244,744 денари |
Седиште | бул. „Илинден“ бр. 2 |
Мрежно место | vlada.mk |
Првата Влада на Македонија е формирана на Првото заседание на АСНОМ, на 2 август 1944 година, во текот на Втората светска војна. Заклучно со мај 2017, во Република Македонија се смениле вкупно 25 влади и 16 претседатели. Во периодот од 1945 до 1991 година на чело на македонските влади, кои во еден период се нарекувале Извршен совет, застанале осум претседатели, додека од 1991 до 2017 година осум премиери формирале влади.
Владата е сместена во Палатата на управата на булеварот „Илинден“ („Илинденска“) во центарот на Скопје.