Вовед во анатомија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Вовед во анатомија (англиски: Grey's Anatomy) — американска телевизиска серија, која се емитува на телевизискиот канал, ABC. Серијата има започнато со емитување на 27 март 2005 година. Оттогаш осум сезони се емитувани, со тековната деветта сезона, започната на 27 септември 2012 година. Дејството се фокусира на група млади доктори, кои ја започнуваат својата медицинска обука како стажисти, напредувајќи во хирурзи, во фиктивната болница Сиетл Грејс (подоцна преименувана Сиетл Грејс-Мерси Вест) во Сиетл, Вашингтон, иако снимано во Лос Анџелес, Калифорнија.
Вовед во анатомија Grey's Anatomy | |
---|---|
Логото на серијата | |
Жанр | комедија, драма |
Создадена од | Шонда Рајмс |
Улоги | Елен Помпео Сандра О Кетрин Хајгл Џастин Чејмберс Т.Р. Најт Чандра Вилсон Џејмс Пикенс Џуниор Сара Рамирес Ерик Дејн Чилер Ли Брук Смит Кевин МекКид Патрик Демпси |
Раскажувач | Елен Помпео (како Мередит), понекогаш и други ликови |
Тематски композитор | Psapp |
Воведна тема | „Cosy in the Rocket“ |
Земја на потекло | САД |
Првичен јазик | Англиски |
Бр. на сезони | 16 |
Бр. на епизоди | 363 (список на епизоди) |
Производство | |
Извршен продуцент(и) | Шонда Рајмс Бетси Бирс Марк Гордон Криста Верноф Роб Корн Марк Вајлдинг |
Местоположба | Сиетл, Вашингтон и Лос Анџелес |
Времетраење | 45 минути |
Прикажување | |
Првична мрежа | ABC А1 |
Сликов формат | 480i (СДТВ) 720p (ХДТВ) |
Звучен формат | Стерео, Долби дигитал |
Првично прикажување | 27 март 2005 – сè уште |
Хронологија | |
Слични програми | Приватна пракса |
Надворешни врски | |
Мрежна страница | abc.go.com/primetime/greysanatomy |
Залагајќи се за расна различност во телевизиските серии, Шонда Рајмс, создавач и извршен продуцент на серијата обликува глумечка екипа сочинета од глумци со различна боја на кожа и физички изглед. Протагонистот на серијата е д-р Мередит Греј (Елен Помпео), оттпрвин стажист под раководство на д-р Миранда Бејли (Чандра Вилсон), заедно со Кристина Јанг (Сандра О), Џорџ О‘Мали (Т.Р. Најт), Изи Стивенс (Кетрин Хајгл) и Алекс Карев (Џастин Чејмберс). Веднаш по смртта на О‘Мали и заминувањето на Стивенс, во шестата сезона како нивна замена се воведени д-р Џексон Ејвери (Џеси Вилијамс) и д-р Ејприл Кепнер (Сара Дру). Останатиот дел од глумечкиот тим е составен од ликови, дел од персоналот на болницата, меѓу кои Дерек Шепард (Патрик Демпси), главен љубовен интерес на Мередит, како и неговата жена д-р Адисон Монтгомери (Кејт Волш), која на крајот од третата сезона преоѓа во своја нова серија насловена Приватна Пракса.
Вовед во анатомија се смета за феномен на популарната култура во Америка, привлекувајќи голема гледаност, престижни награди и критичка прифатеност. Првите три сезони се сметаат за најдобри од осум-годишното постоење, додека подоцнежните имаат негативно влијание на популарноста на серијата. По третата сезона, серијата е проследена од големи промени во глумечката екипа. Отпрвин глумецот Исаија Вашингтон, по вербални навреди на членови од тимот е отпуштен од серијата, проследен од глумците Т.Р. Најт и Кетрин Хајгл, предизвикувајќи незадоволство и пад на рејтингот, земајќи ја предвид популарноста на ликовите кои тие ги толкуваат. Истовремено, преодната серија Приватна Пракса, видео играта заснована на серијата и слични производи дел од Вовед од анатомија не ги исполнуваат очекувањата на продуцентите што дополнително придонесува до пад на сиот бренд.