Географска карта
ликовна претстава на едно географско подрачје / From Wikipedia, the free encyclopedia
Географска карта — намалена слика на Земјината површина, некој дел од Земјината површина или небото. Земјината површина, поради закривеност, не може да се прикаже во рамна положба без изобличување, а не може да се прикажат ниту сите поединечни целини или објекти на Земјата. Според тоа картите се видоизменети и поедонставени слики на Земјината површина со од напред одредена намена. Се употребуваат за различни научни, технички, економски, воени и културни потреби, а се делат и според размерот, содржината и намената.