Геолошка скала
From Wikipedia, the free encyclopedia
Геолошка скала — систем на хронолошко изразување на одделните периоди во минатото што ја одразува стратиграфија на Земјата и наоѓа примена во геологијата, палеонтологијата и други науки за Земјата согласно редоследот на позначајни настани во нејзината историја. Поделбите и боите и временските периоди на тука претставената табела се водат според номенклатурата на Меѓународната комисија за стратиграфија (ICS).
Наодите од радиометриско датирање укажуваат на тоа дека Земјата е стара 4,54 милијарди години. Нејзиното „длабоко минато“ е поделено на повеќе периоди во склад разни позначајни настани што го карактеризираат секој период. Периодите исто така се препознаваат и по различниот состав на секој слој, што укажува на крупни биолошки и палеонтолошки збиднувања како масовни изумирања. На пример, границата помеѓу периодите креда и палеоген ја исцртува т.н. „кредопалеогенско изумирање“ го бележи исчезнувањето на диносаурусите и многу други видови на организми. Постарите временски дијапазони за кои нема доверливи фосилни наоди (пред еонот протерозоик) се определени според апсолутна старост.