Герит Дау
From Wikipedia, the free encyclopedia
Герит Дау или Герард Дау (холандски: Gerrit Dou или Gerard Douw; 7 април 1613 - 9 февруари 1675 ) — сликар од златното време на холандското сликарство, чиишто мали, измазнети слики се типични за стилот на т.н. Лајденски фејнсхилдери. Негова специјалност биле битовите мотиви, а се прочул и со неговите оптички мамки и вечерни сцени на светлина од свеќа, со силен ефект на светлосенка (кјароскуро).