Голема трка (велосипедизам)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Во друмскиот велосипедизам, голема трка се однесува на една од трите големи европски професионални велосипедски етапни трки:
- Тур де Франс — Трка околу Франција (започната 1903 г.), се одржува во јули
- Џиро д’Италија — Трка околу Италија (започната 1909 г.), се одржува во мај
- Вуелта а Еспања — Трка околу Шпанија (започната 1935 г.), се одржува во септември
Заедно се познати како големи трки и сите три трки се слични во форматот, како повеќенеделни трки со дневни етапи. Тие имаат посебен статус во одредбите на UCI: повеќе бодови за Светската турнеја се делат на овие трки отколку на другите трки,[1] и тие се единствените етапни трки на кои им е дозволено да траат подолго од 14 дена.[2]
Тур де Франс е најстарата и најпрестижна[1] од сите три и исто така е најпозната велосипедска трка во светот. Џиро д’Италија е втората најважна[3][4][5][6] и понекогаш била исто толку популарна како Тур (доцните 40-ти, 50-ти и раните 70-ти). Додека спортското име на Тур де Франс е одамна одомаќено околу светот, познато дури и за оние кои не се навлезени во велосипедизмот, другите две европски големи трки се релативно непознати надвор од континентот, каде се познати единствено на велосипедистите.