Димитар Илиевски - Мурато
From Wikipedia, the free encyclopedia
Димитар Илиевски - Мурато (29 септември 1953 , Битола - 10 мај 1989 , Монт Еверест, Непал) — македонски алпинист, познат како првиот Македонец што ја има освоено највисоката планина во светот — Монт Еверест. Се искачил на 10 мај 1989, по што не успеал да се врати во базниот логор и службено е воден како изчезнат.
Кратки факти Роден, Починал ...
Димитар Илиевски - Мурато | ||
Роден | 29 септември 1953 Битола, НР Македонија, ФНРЈ | |
---|---|---|
Починал | 10 мај 1989(1989-05-10) (возр. 35) Монт Еверест, Непал |
Затвори
Тој е еден од најголемите алпинисти во историјата на македонскиот алпинизам и спортот воопшто. Се одликувал со фрапантна љубов кон планините и непоколеблива амбиција за соочување со најтешките предизвици. Во својата богата алпинистичка кариера се има искачено на повеќе планински врвови.
Во негова чест на Пелистер подигнато е спомен-обележје. Посмртно ја има добиено наградата Медал за заслуги за Македонија.