Држава
From Wikipedia, the free encyclopedia
Држава — множество на институции кои ја имаат моќта да ги создаваат правилата кои владеат со луѓето во едно или повеќе општества, имајќи притоа внатрешен и надворешен суверенитет врз дефинирана територија. Следејќи ја дефиницијата на Макс Вебер за поимот „држава“, таа има монопол врз концептот на сила. Оттука, државата вбројува разни институции низ кои ја практикува силата, како што се на пример: Армијата, Бирократијата, Судовите и Полицијата. Симболите како што се приватните армии и приватни судови се одлики на феудализмот, а во модерното општество се симбол на „пропадната држава“.
Иако изразот „држава“ се користи во најширока смисла на зборот, за да го опише државниот апарат, модерната држава има битни разлики со античката, и тоа одлики кои најпрво се консолидирани во западна Европа во 15 век.
Во доцниот XX век, глобализацијата на светската економија, подвижноста на луѓето и капиталот, и порастот на меѓународни институции, придонесоа да се намали зависноста од државата. Сепак државата како поим останува фундаменталена политичка единица во светот, од нејзиното појавување во 16 век. Одтука државата опстанува централен концепт во изучувањето на политиката, а нејзината дефиниција сѐ уште претставува контраверзија во научните кругови.
Политичките социологија, во традицијата и духот на Карл Маркс и Макс Вебер, вообичаено ја претпочитаат државата преку нејзината улога на примена на државниот апарат.
Од доцниот 19 век, концептот на држава и нација се засилува и доаѓа до групирање на веќе постоечки именувани територии, окрупнувања, и групирања на номадски територии кои претходно не биле организирани во држава. Во моментов има повеќе од 200 држави кои ја сочинуваат меѓународната сцена, и голем дел од нив се претставени во Обединетите Нации.
Во рамките на федерален систем, терминот држава исто така се однесува на политички единици кои не се суверени сами по себе, но подлежат на авторитетот на поголема држава, како што е случајот на пример со САД.