Еврејски гробишта (Битола)
еврејски гробишта / From Wikipedia, the free encyclopedia
Еврејски гробишта во Битола — гробишта на еврејската заедница во Битола. Се наоѓаат на самиот влез во Битола наспроти светонеделските гробишта и црквата „Св. Недела“ како и до старите турски гробишта. Изградени се во 1929 година, додека над влезната порта на гробиштата постоела мермерна табла на српски на која пишувало: „Јеврејско гробље Битољ 1497-1929 год“.