Европска економска заедница
From Wikipedia, the free encyclopedia
Европска економска заедница (ЕЕЗ) — европска економска организација што ја сочинувале 6 земји од Западна Европа — Франција, Западна Германија, Италија, Белгија, Холандија и Луксембург. Настанала во 1957 г. кога овие шест земји ги ратификувале Римските договори[1], а престанала да постои во 1967 г. кога се обединила со Европската заедница за јаглен и челик и Европската заедница за атомска енергија, што претставувало почеток на Европската заедница.
Основни цели на оваа организација биле изградбата на заеднички пазар врз основа на царинска унија, односно решавање на сите економски препреки, координирање на стопанската политика и подигање на животниот стандард во рамките на Заедницата.