Електрична енергија
облик на енергија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Електрична енергија или електроенергија — еден од облиците на енергија што се произведува под дејство на електромагнетно поле на електричен полнеж. Покрај ова строго физичко определување, постои општоприфатено правило дека електричната енергија е она што се произведува во електраните, се пренесува со далноводите и се распределува до потрошувачите, каде што се користи за работа на апаратите за домаќинство, канцелариската опрема, индустриските машини и овозможува доволно енергија, како за куќно така и за канцелариско осветлување, греење, готвење и за индустриски состојби.