Врба
род растенија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Врбата е листопадно дрво или грмушка од родот Salix, дел од семејството Врби.
Врба | |
---|---|
Жална врба | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Оддел: | Скриеносеменици |
Класа: | Дикотиледонски растенија |
Ред: | Малпигиовидни |
Семејство: | Врби |
Род: | Врба Л. |
Видови | |
Околу 350. Видете: Видови врби |
Во светот постојат околу 350 видови врби, кои виреат главно на влажни почви со поладни зони на северната полутопка. Листовите им паѓаат на есен, најчесто се со долгнавест, но кај некои и кружен до овален облик со назабени рабови. Врбата е диециозна со тоа што машките и женските цветови, во облик на реси растат на засебни стебла; ресите излегуваат рано на пролет, обично пред лисјата или пак кога лисјата почнуваат да се отвораат. Плодот ѝ е мала чашка која содржи бројни минијатурни (0.1 мм) семиња поставени во бели пердувчиња, кои помагаат во разнесувањето на семињата. Врбите се многу вкрстителни растенија и имаат многу хибриди кои можат да бидат природни и вештачки создадени.
Некои врби, особено арктичките и алпските видови, се многу мали; Џуџестата врба (Salix herbacea) ретко расте над 6 см во висина, иако таа нашироко расте по земјата.
Жалната врба, широко распространето украсно дрво, е сорта, Salix × sepulcralis 'Chrysocoma', вкрстена од кинеската Пекиншка врба и европската Бела врба.
Речиси сите врби веднаш пуштаат корени од гранчиња кои се исечени или кои лежат скршени на земјата. Тука има неколку исклучоци како Ивата и Прасколисната врба.