Западен Берлин
From Wikipedia, the free encyclopedia
Западен Берлин — името кое го носел западниот дел на Берлин помеѓу 1949 и 1990 година. Тој се состоел од Американски, Британски и Француски окупациски сектор воспоставени во 1945. За разлика од тоа, Источен Берлин бил окупациската зона на СССР и тој го опфаќал поголемиот дел од градот и главните објекти: Музејскиот Остров, Рајхстагот, железничките станици, и други.
Во 1961 СССР го изградиле Берлинскиот ѕид, со што и физички го изолирале Западен Берлин од остатокот на Источна Германија. Западните сили продолжиле да трошат огромни средства за да го одржат функционирањето на Западен Берлин како симбол на западниот капитализам и демократија.
Со повторното обединување на Германија, на 3 октомври 1990, престанала да постои и поделбата на Берлин.
Оваа статија поврзана со историјата на Германија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите.