Знаме на Република Кореја
From Wikipedia, the free encyclopedia
Знамето на Јужна Кореја, или Тегокги е националното знаме на Јужна Кореја и е засновано на кинескиот јин и јанг симбол и има три делови: бела позадина, црвен и син диск со јин и јанг симбол и четири црни триграми во секој агол.
Кратки факти Назив, Употреба ...
Назив | Taegeukgi |
---|---|
Употреба | државно, пловно и управно пловно знаме |
Сразмер | 2:3 |
Усвоено | 6 март 1883 |
Опис | Бело знаме со црни црти и диск во црвена и сина боја. |
Затвори
Црвите триграми потекнуваат од стара кинеска книга и ги претставуваат четирите идеи на кинеската филозофија за универзумот: хармонија, баланс, циркулација и симетрија. Боите потекнуваат од традиционалните корејски бои, црвена, сина и жолта, бои кои Корејците ги користеле низ историјата. Белата боја претставува чистота на народот. Синиот дел од дискот го претставува лошото, додека црвениот дел доброто. Заедно со триграфите и нивното значење знамето претставува движење кон вечноста.