Колено (биологија)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Колено (philum) — хиерархиско скалило во систематиката на биологијата, и тоа во ботаниката, зоологијата и бактериологијата. Понекогаш подоцна се дели на потколена (subphyla, еднина subphylum). Во некои случаи, неколку колена се опфатени во натколено (superphylum), што потоа опфаќа група колена. Коленото како таксон е помеѓу царството и класата.
- Во некои систематики, животинското царство прво се дели на оддели, кои потоа се делат на колена. Така, двостраните животни се делумно прикажани како оддел.
- Во ботаниката и микологијата е дозволен и поимот оддел (divisio) како синоним за колено phylum.
- Во бактериологијата, поимот „колено“ е дозволено да се користи и за клон.