Кралска воена морнарица
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кралската воена морнарица на Обединетото Кралство (англиски: Royal Navy) е дел од вооружените сили на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Таа ја претставува основата на поморските сили на Обединетото кралство и е поделена на: Кралска надводна морнарица, Кралска подморничка флота, Кралска помошна морнарица, Кралски маринци (поморска пешадија), и Воздушни сили на Кралската воена морнарица. Во ноември 2006 година, поморската служба имаше 38.710 членови.
Од почетокот на 18 век до средината на 20 век и крајот на Втората светска војна, таа била најголемата и најмоќната морнарица во светот, и одиграла клучна улога во воспоставувањето на Британската Империја како доминантна светска сила во 19-тиот и почетокот на 20-тиот век. .
Денес, Кралската морнарица е втората по големина морнарица меѓу земјите членки на НАТО. Денес поседува 91 брод, меѓу кои има носачи на авиони, јадрени и балистички подморници, миноловци и патролни чамци, како и бродови на Кралската флота од помошни бродови (англиски:Royal Fleet Auxiliary).