Македонци
народ на Балканот и други делови од светот / From Wikipedia, the free encyclopedia
Македонци — посебен и автохтон народ што го населува историско-географскиот регион Македонија. Поголемиот дел од Македонците живеат во Македонија, а има значителни македонски малцинства во Албанија, Бугарија, Грција и Србија. Македонците го говорат македонскиот јазик, кој припаѓа во групата на јужнословенски јазици. Само поради јазикот, Македонците ги третираат како јужнословенски народ.[19][20][21][22]
Етничко знаме на македонскиот народ | |||||||||||||||||||||||||||||||||
Вкупен број | |||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
~ 2 — 3 милиони[1] | |||||||||||||||||||||||||||||||||
Подрачја со значајно население | |||||||||||||||||||||||||||||||||
Македонија 1,297,981[2] | |||||||||||||||||||||||||||||||||
Австралија | 289,000[3][4] | ||||||||||||||||||||||||||||||||
САД | 178,000[5] | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Германија | 119,000[5] | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Канада | 206,000[5] | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Италија | 92,000 | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Данска | 21,000[4][6] | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Норвешка | 9,000[7] | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Франција | 29,000[8] | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Босна и Херцеговина | 1,175[9] | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Полска | 313,000[10][11] | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Бугарија | 160,000-250,000[12][13][5] | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Русија | 1,000[10] | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Црна Гора | 900[14] | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Грција | 500,000[15][16][17] | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Романија | 15,000[18] | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Насекаде | н/п | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Јазици | |||||||||||||||||||||||||||||||||
македонски | |||||||||||||||||||||||||||||||||
Вероисповед | |||||||||||||||||||||||||||||||||
главно православие, а во помала мера ислам и католицизам | |||||||||||||||||||||||||||||||||
Сродни народи | |||||||||||||||||||||||||||||||||
Балканските народи |
Целата историја на македонскиот народ е една непрекината борба за зачувување на својата слобода и достоинство. Почнувајќи од Државата на Аргеадите, потпаѓањето под Рим, контактот на Старите Македонци и останатите антички народи во Македонија со Словените, потпаѓањето на Македонија под Османлиите и подоцнежните буни на Македонците против османлиската власт, масовните вооружени востанија против Османлиите на крајот од XIX и почекотокот на XX век, сѐ до револуционерното движење и антифашистичката народносослободителна борба 1941 — 1944 во Вардарскиот дел на Македонија и 1943 — 1949 во Егејскиот дел на Македонија.
Македонците се претежно православни христијани, припадници на МПЦ. Втори по бројност се Македонците муслимани, а по нив се католиците и протестантите. Исто така, постои одреден број на атеисти.