Мала Преспа
македонска област во југоисточна Албанија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Мала Преспа — географска област во денешна Албанија, покрај југозападниот брег на Преспанското Езеро. Целата област се состои од десетина села коишто се организирани во општина. Селото Пустец е најголемата населба, а истовремено и седиште на општината. Градоначалник на општината е Едмонд Темелко, етнички Македонец кој со големо мнозинство од гласовите победи на локалните избори одржани на 18 февруари 2007 г. Сите членови на општинскиот совет се етнички Македонци.