Меркосур
From Wikipedia, the free encyclopedia
Меркосур или Меркосул (на шпански: Mercado Común del Sur или на англиски: Southern Common Market) е регионален трговски договор помеѓу Бразил, Аргентина, Уругвај и Парагвај, формиран во 1991 со договорот од Асунсион, кој подоцна претрпува амандмани во 1994 и станува Договорот од Оуро Прето. Целта на овој договор е да промовира слободна и константна размена на добра, луѓе и пари.
Почетоците на Меркосур можат да се лоцираат во 1985 година кога претседателите на Аргентина и Бразил ја потпишуваат програмата за економска соработка помеѓу Бразил и Аргентина.
Во моментов Боливија, Чиле, Колумбија, Еквадор и Перу имаат статус на придружни членки. Венецуела го потпиша пристапниот договор во јуни 2006, но пред да стане полноправна членка, влезо мора да биде ратификуван од парламентите на Парагвај и Бразил.