Митохондрија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Митохондрии (од грчки: mitos-нишка и hondros-зрно) — клеточни органели кои се наоѓаат во сите еукариотски клетки. Нивниот облик е непостојан и се менува во зависност од физиолошката состојба на клетката. Бројот, димензиите и распоредот зависат од видот на клетките и нивната активност (во некои жлездени клетки кај животните има многу митохондрии).