Нуклеотид
From Wikipedia, the free encyclopedia
Нуклеотидот е основната структурна единица на молекулата од нуклеинските киселини, кој е составен од три хемиски соединенија што се ковалентно сврзани:
- Пентозен шеќер - рибоза и деоксирибоза (по кој и се разликуваат РНК и ДНК)
- Азотна база - пуринска или пиримидинска
- Фосфорна група (фосфорна киселина).
Нуклеотидите се мономери за синтеза на нуклеинските киселини, а, исто така, се и производи на хемиската и ензимската хидролиза на нуклеинските киселини.