Палата Рубен
зграда и споменик на културата во Дебар Маало, Скопје / From Wikipedia, the free encyclopedia
Палатата Рубен е станбена зграда на семејството на познатиот скопски заболекар Емил Рубен. Објектот е изведен во 1927г. и е проектиран од архитектот Иван Артемушкин. Се наоѓа во населбата Дебар Маало, спроти фонтанта на Градскиот парк во Скопје, со влез од ул. Илинденска.
Кратки факти Палата Рубен, Општи податоци ...
Палата Рубен | |
---|---|
Палата Рубен - денес | |
Општи податоци | |
Место | Дебар Маало, Скопје, Македонија |
Завршена | 1927 |
Нарачател | Емил Рубен |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Иван Артемушкин |
Затвори
Преживувајќи го скопскиот земјотрес од 1963, палатата станува еден од најпознатите локални примери за архитектурата во периодот меѓу дветте светски војни. Во 2015г. Конзерваторскиот центар Скопје прави реставрација на фасадата следејќи ја оригиналната документација од архитектот Артемушкин.