Пеликани
From Wikipedia, the free encyclopedia
Пеликани (науч. Pelecanidae) — семејство големи водни птици. Карактеристични се со нивниот долг клун и вреќичката под него, која им служи за лов и исцедување на водата од клунот. Тие имаат светло перје, со исклучок само на два вида. Клуновите, ќесичката и кожата на лицето им добива малку боја пред сезоната на парење. Фосилните остатоци од пеликаните се стари најмалку 30 милиони години.
Кратки факти Пеликани Период: олигоцен-денес, Научна класификација ...
Пеликани Период: олигоцен-денес | |
---|---|
Обичен пеликан | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Ред: | Пеликановидни |
Семејство: | Пеликани Rafinesque, 1815 |
Типски вид | |
Pelecanus onocrotalus Linnaeus, 1758 | |
Видови | |
8, во текстот |
Затвори