Плазма
From Wikipedia, the free encyclopedia
Плазма (Грчки πλάσμα, „се формирано“[1]) — една од четирите основни агрегатни состојби, другите се цврста, течна и гасовита. Плазмата има својства различни од оние во другите состојби.
Горен ред: заедно молњата и електричните искри се секојдневен пример од феноменот создаден од плазма.Неонски светла може попрецизно да се наречат „плазмени светла“, затоа што светлината потекнува од плазмата во внатрешноста. Долен ред: Плазмена лампа, со која се објаснуваат некои посложени плазмени појави, вклучувајќи ја и филаментацијата. Боите се резултат од релаксацијата на електроните од возбудена состојба до пониска енергетска состојба откако тие се рекомбинирале со јони. Овие процеси емитуваат светлина во спектар карактеристичен за гасот кој е возбуден. Втората слика е од плазмена трага од вселенскиот шатл „Атлантис“ за време на повторното влегување во Земјината атмосфера, видена од Меѓународната вселенска станица. |
Плазмата може да биде создадена со загревање гас или подложување на гасот на силно електромагнетно поле нанесена со ласер или микробранов генератор.Ова го намалува или го зголемува бројот од електрони, создавајќи позитивни или негативни полнежи,честички наречени јони,[2] придружена со дисоцијација од ковалентни врски, ако е присутна.[3]
Присуството на значаен број на носители на електрицитет ја прават плазмата електрично отпорна така што реагира силно на електромагнетни полиња. Како и гасот, плазмата нема дефинирана форма или дефиниран волумен освен ако е затворена во сад.За разлика од гасот, под влијание на магнетно поле, може да формира структура како филаменти, зраци и двојни слоеви.
Плазмата е најбогата форма од нормална материја во универзумот (од формите кои се докажани дека постојат, побогатата темна материја е хипотетичка и може а и не може да биде објаснета од нормална материја),повеќето кои се во ретките меѓугалактички региони, особено интеркластер медиум, и во ѕвездите, вклучувајќи го и Сонцето.[4][5] Чест облик на плазма на Земјата се неонските знаци.
Најмногу се дознало за плазмата преку истражувањето на контролирано јадрено соединување и фузиона енергија, чија основа за постоењето е плазмата.