Пол Сезан
From Wikipedia, the free encyclopedia
Пол Сезан (француски: Paul Cézanne; 19 јануари 1839 – 22 октомври 1906) — француски постимпресионистички уметник чие творештво претставуваат фондација на преодот од уметничкиот стил користен во XIX век во радикално поинаквиот стил на XX век. Може да се каже дека Сезан прави мост помеѓу импресионизмот на доцниот XIX век и кубизмот на раниот XX век. Фактот дека и Матис и Пикасо рекле дека Сезан „...ни е татко на сите нас...“ не може лесно да се потцени.
Пол Сезан | ||
Роден | Paul Cézanne 19 јануари 1839 Екс ан Прованс, Франција | |
---|---|---|
Починал | 22 октомври 1906
Екс ан Прованс, Франција од пневмонија | |
Занимање | сликар | |
Сопружник | Ортоос | |
Татко | ||
Родители | Луј-Август Сезан и Ан-Елизабет Онорин Обер |
Творештвото на Сезан демонстрира одлично чувство за дизајн, боја, композиција и цртање. Неговите удари со четка се повторувачки, чувствителни, истражувачки и лесно се препознаваат како негови. Сезан користел рамнини со боја и мали удари за да оформи сложени полиња кои понекогаш биле одраз на сензацијата која што ја добиваме во нашите очи, а друг пат биле одраз на апстрактна верзија од она што го гледаме во природата. Сликите на Сезан покажуваат дека Сезан длабоко ги студирал своите предмети и дека се измачувал со комплексноста на човековото ликовно восприемање.